Дома Фудбал Британците ќе го тужат Абрамович поради продажбата на Челси!?

Британците ќе го тужат Абрамович поради продажбата на Челси!?

Британската влада се закани дека ќе го тужи поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челси, Роман Абрамович, за да осигура дека парите од продажбата на клубот ќе одат за Украина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сумата од 2,5 милијарди фунти е замрзната во една британска банка по продажбата, а Абрамович е под санкции од британската влада по нападот на Русија врз Украина во февруари 2022 година, по тврдењата дека е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе денес Би-Би-Си.

Британската влада сака парите да бидат искористени како хуманитарна помош за Украина, а Абрамович изјави дека сака парите да одат за сите жртви на војната во Украина.

„Иако вратите за преговори ќе останат отворени, целосно сме подготвени ова да го продолжиме преку суд ако треба. Владата е решена приходот од продажбата на фудбалскиот клуб Челси да стигне за хуманитарни цели во Украина, по нелегалната инвазија на Русија,” се наведува во соопштението на надлежните.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема реконструкција во Астон Вила

Ова лето Астон Вила значително наметнува присуство на фудбалскиот пазар. Денес на медицинс…