Дома Фудбал Бразилски новинар за Нејмар: Пуши наргиле, пие виски и си легнува во пет часот наутро!

Бразилски новинар за Нејмар: Пуши наргиле, пие виски и си легнува во пет часот наутро!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар најверојатно ќе остане надвор од игра барем до крајот на 2025 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа информација ја објави новинарот Родолфо Гомес, кој нагласи дека времето потребно за негово закрепнување нема да биде доволно за да се врати на теренот пред крајот на годината.

Покрај здравствените предизвици, Гомес изрази загриженост и за личните навики кои, според него, Нејмар ги следи надвор од теренот. Гомес тврди дека фудбалерот води начин на живот кој е сосема непрепорачлив за професионален спортист.

“Тој е зависен од виски со енергетски пијалаци, пуши наргиле и заспива дури наутро, околу 4 или 5 часот”, изјави новинарот.

Фановите на Сантос беа разочарани од веста, очекувајќи дека Нејмар ќе се врати за завршницата на бразилскиот шампионат. Фудбалскиот ас се приклучи на клубот во средината на 2025 година како едно од најголемите засилувања некогаш, но се појави на теренот само во неколку натпревари пред да се повреди повторно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР не „спиеше“ на натпреварот, ФИФА објави фотографии и ја реши најголемата контроверзна (Фото)

Една од најконтроверзните ситуации на тековниот дел од Светското првенство продолжува да п…