Дома Фудбал Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудбалската култура во Јужна Америка.

Бразилскиот голман Вевертон не можеше да ги скрие емоциите откако дозна дека е на списокот на Карло Анчелоти за Светското првенство во Америка, Канада и Мексико.

Искусниот голман на Гремио објави снимка од својот дом на која се гледа како неговото семејство слави објавата на селекторот, а во еден момент тој само падна во несвест.

Додека членовите на семејството скокаа и славеа, тој ја загуби свеста, а сцената брзо стана голем хит на социјалните мрежи.

Во Бразил, голманот на Гремио Вевертон се онесвести од возбуда откако дозна дека оди на Светското првенство… и никој не забележа затоа што беа многу зафатени со славење 😂pic.twitter.com/2LW3yTmm9T— Troll Football Media (@TrollFootball2) 21 мај 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кутињо е трансферот на денот во Јужна Америка!

Филипе Кутињо од денес е и официјално нов играч на Сантос. Бразилскиот клуб со воодушевува…