Дома Фудбал Бразилците го оставија Винисиус на најавниот постер за претстојните натпревари, а Анечлоти ги шокираше – не го повика!

Бразилците го оставија Винисиус на најавниот постер за претстојните натпревари, а Анечлоти ги шокираше – не го повика!

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот на фудбалери за квалификациите за Светското првенство против Чиле и Боливија и предизвика изненадување во бразилската јавност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Списокот на Анчелоти не го вклучува најголемата ѕвезда Винисиус Жуниор, и покрај тоа што Бразилскиот сојуз за фудбал (CBF) го постави играчот на Реал Мадрид на постерот за натпреварот на домашен терен против Чиле на 5 септември.

Пет дена подоцна, Бразил ќе биде гостин во Боливија, а според ексклузивните информации на бразилскиот весник О Глобо, списокот на повикани фудбалери кои Анчелоти ги испратил до клубовите го нема името на 25-годишниот Винисиус.

Анчелоти, кој има голем удел во трансформацијата на Винисиус во еден од најдобрите фудбалери денес, се одлучи на овој чекор поради едноставна причина.

Имено, Винисиус против Парагвај во јуни го постигна единствениот гол во мечот што му обезбеди на Бразил пласман за Светското првенство, но заработи втор жолт картон во квалификациите и не може да игра против Чиле.

Тоа значи дека Винисиус би пристигнал на собирот само за еден меч, па Анчелоти реши да го поштеди бидејќи натпреварот против Боливија се игра во Ел Алто, на висина од дури 4.100 метри, што претставува огромен напор за организмот.

Официјалниот список на играчи за натпреварите против Чиле и Боливија, Анчелоти ќе го објави во понеделник во Рио де Жанеиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов шок за Камавинга после изоставувањето од списоците за Мундијалот: Французот на црната листа на Мурињо

Откако селекторот на Франција Дидие Дешан го отстрани од списокот за претстојното Светско …