
Валтери Ботас не се откажува од враќањето на Ф1 мрежата, а сега отворено се понудил на Ред Бул. Во разговорот открил дека со задоволство би ја прифатил улогата покрај Макс Верстапен, иако се сомнева дека некој во тимот не го посакува.
Финскиот возач Валтери Ботас сè уште бара начин да се врати во Формула 1 како редовен возач.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Во моментот ја извршува улогата на резервен и тест возач на Мерцедес, откако не успеа да најде постојано место на мрежата за сезоната 2025.
Се надеваше дека ќе остане дел од проектот на Ауди преку Заубер, но тимот одлучи да го потпише бразилскиот возач Габриел Бортолео.
Сепак, Ботас не се откажува – и веќе гледа кон 2026 година како реална можност за враќање.
Една од можностите што ја гледа како веројатна е Ред Бул, тимот што сè уште бара вистински тимски колега за доминантниот Макс Верстапен.
Ботас има искуство од возење покрај најголемите – пет сезони беше тимски колега на Луис Хамилтон во Мерцедес, а тимот во сите тие години освојуваше конструкторски наслов.
Затоа и верува дека има сѐ што е потребно да биде корисен во средина како онаа на Ред Бул.
Фотографија: Принтскрин