Дома Фудбал „Бомба“: Реал Мадрид договори трансфер од 100 милиони евра!

„Бомба“: Реал Мадрид договори трансфер од 100 милиони евра!

Реал Мадрид добива значително засилување во нападот, а репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде, наскоро ќе пристигне во Мадрид за медицински прегледи и потпишување на договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според зборовите на Фабрицио Романо, договорот е финализиран синоќа, а вредноста на трансферот надминува 100 милиони евра. Со својата карактеристична потврда “Here we go!”, италијанскиот новинар објави дека остануваат само формалностите.

Според истите извори, Диоманде ќе пристигне во Мадрид оваа недела за да ги изврши медицинските прегледи и да го потпише договорот кој ќе биде валиден до јуни 2031 година.

Со овој потег, доколку трансферот биде официјално потврден од клубовите, Реал Мадрид направи едно од најголемите засилувања во тековниот преоден рок. Се очекува младиот репрезентативец од Брегот на Слоновата Коска дополнително да ја зголеми конкуренцијата во нападот на “кралскиот клуб”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал во Сантос: Нејмар беснеел во соблекувалната!

Сантос на домашен терен одигра нерешено против Чапекоенсе (2:2) во натпревар во кој Нејмар…