Дома Фудбал „Бомба“ на „Л’Eкип“: Чави добил понуда од Серија А?!

„Бомба“ на „Л’Eкип“: Чави добил понуда од Серија А?!

Фудбалскиот клуб Јувентус го контактирал Чави Ернандез и имал информативен разговор за потенцијална соработка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест ја објави францускиот весник Екип, кој тврди дека Чави е кандидат да го замени Тиаго Мота на клупата на Јувентус.

Не може да се каже дека Мота ги исполни очекувањата, иако викендов доживеа прв пораз во Серија А, поголем проблем е големиот број на нерешени резултати и само петтото место на табелата со 16 бодови помалку од лидерот Наполи.

Чави е без работа откако летоска ја напушти Барселона и најави дека ќе направи пауза до следното ангажирање, па не е исклучено дека започнал преговори со Јувентус.

Со Барселона ја освои титулата во сезоната 2022/23, но се раздели со Каталонците по лошата мината сезона без ниту еден трофеј.

Чави во еден момент беше поврзуван со Милан и Манчестер Јунајтед, но посериозни преговори немаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Свилар го чека трансфер на кариерата: Рома бара 60 милиони евра!

Јувентус започна прелиминарни контакти со Рома по однос на можниот ангажман на голманот Ми…