Дома Фудбал „Бомба“: Мурињо може да се врати во Премиер лигата, кандидат за истата позиција е и Мојс!

„Бомба“: Мурињо може да се врати во Премиер лигата, кандидат за истата позиција е и Мојс!

Евертон го разреши тренерот Шон Дајч откако оваа сезона во англиската Премиер лига освои само 17 поени во 19 одиграни натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Евертон беше без победа во последните пет кола, со биланс од три ремија и два порази, па управата на Евертон реши дека е најдобро да се разделат со Дич кој во 83 натпревари оствари 26 победи, 24 ремија и 33 порази.

Особено е интересна “борбата” за наследник на Дајч на клупата на Евертон.

Англиските обложувачници веќе ги објавија коефициентите за нов тренер на Карамелите, а две имиња особено се издвојуваат – Дејвид Мојс и Жозе Моурињо.

Мојс може повторно да се врати во Евертон по 11 години и осум месеци, додека Мурињо не е активен во Премиер лигата три години и девет месеци.

Мојс има предност, првенствено бидејќи е слободен на пазарот од јуни годинава кога му истече договорот со Вест Хем, додека Мурињо има договор со Фенербахче.

Од останатите кандидати вреди да се истакне и поранешниот тренер на Милан Пауло Фонсека, како и поранешните селектори на Англија Герет Саутгејт и Ли Карсли.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катар најде начин да има навивачи – си купува! (Фото)

Пред првиот натпревар на Катар на Светското првенство, што се игра вечерва во 21 часот про…