Дома Топ вести Бомба експлодираше во близина на автобусот од Борусија Дортмунд – еден играч е повреден

Бомба експлодираше во близина на автобусот од Борусија Дортмунд – еден играч е повреден

Во експлозија близу автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд повреден е шпанскиот играч Марк Бартра, пренесуваат германските медиуми.

Според пишувањата на социјалните мрежи, експлозијата која го погодила тимскиот автобус на Борусија Дортмунд се случила на некои десет километри од стадионот „Вестфален“, и од скршеното стакло бил повреден еден играч на клубот, односно Шпанецот Марк Бартра.

Популарните „милионери“ во вторникот вечерта требаше да го одиграат првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против францускиот клуб Монако, но сега натпреварот и официјално е откажан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо казнет со 30 дена суспензија по судирот со Жезус

Напуштањето на репрезентативниот камп му донесе суспензија и парична казна на Кристијано Р…