
Звонимир Бобан се врати во Динамо по три децении. Неговата улога ќе биде претседател на Управата. Јасно е дека ќе се фокусира најмногу на спортскиот сегмент, а првата задача ќе му биде избор на новиот тренер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според пишувањето на порталот „24 сата“, Игор Бишќан е првиот кандидат да стане новиот-стар тренер на „Модрите“. Така барем мисли Бобан.
Бишќан моментално работи во катарскиот Ал Ахли, на крајот на сезоната би требало да биде слободен, така што би имал отворен пат да се врати на Максимир.
Фото: Принтскрин