Дома Фудбал Бобан: Кога Интер водеше со 2-0, Капело ми рече дека мечот ќе заврши 3:3

Бобан: Кога Интер водеше со 2-0, Капело ми рече дека мечот ќе заврши 3:3

Гостувајќи во студиото на „Sky Sport“, поранешната икона на Милан, некогашен функционер на УЕФА, а денес повторно претседател на Динамо Загреб, Звонимир Бобан го коментираше спектакуларниот натпревар помеѓу Интер и Барселона (3:3) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите 2024/25 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова беше еден од најубавите натпревари во последните години кој го остави без зборови, а Бобан притоа откри и интересна анегдота за тоа што му кажа за време на натпреварот, по привремениот втор гол на Интер постигнат од Думфрис, поранешниот тренер Фабио Капело.

„Беше спектакуларен, извонреден, преубав натпревар. Кога беше 2:0 за Интер, Капело ми рече: ‘Ќе заврши 3:3’. Можеше да заврши и 5:5. Барселона играше одбрана како во времето на Земан. Интер беше добар, тешко е да се браниш против ваков Јамал, против играчи кои постојано се менуваат и создаваат вишок“, кажа тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Речиси има договор: Еве кој ќе биде нов селектор на Италија!

Легендарниот дефанзивец на Италија, Паоло Малдини, кој неодамна беше назначен за технички …