Дома Топ вести Black Friday: Најдобрите 11 фудбалери купени на попуст!

Black Friday: Најдобрите 11 фудбалери купени на попуст!

Денешното лудило наречено „Black Friday“ кое го зафати целиот свет не инспирираше да се присетиме на Топ 11 трансфери на фудбалери кои се купени на „попуст“ или без обештетување.

Ова лето рекордниот трансфер на Нејмар ги помести границите кога е во прашање цената на фудбалерите, па сведоци сме како клубовите за „просечни“ фудбалери трошат милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, има и такви кои знаат добро да испазарат или да доведат квалитетни фудбалери без обештетување. Кога се зборува за фудбалери купени на „попуст“ веднаш ни паѓа на памет трансферот на Кутињо во Ливерпул за само 10 милиони евра или трансферите на Погба и Пирло во Јувентус за 0 евра.

Јувентус е еден од клубовите кои најдобро работат кога се во прашање трансферите и често знаат да купат „по поволна цена“. Така покрај споменатите Погба и Пирло, тука се уште Кедира, Дани Алвеш и Коман (без пари) или Барзаљи за само 300.000 евра.

Ова е нашиот избор за Топ 11 фудбалери купени по Black Friday-цени:

Жулио Цезар (Фламенго – Интер за 0 евра)
Кафу (Рома – Милан за О евра)
Базаљи (Волфсбург – Јувентус за 300.000 евра)
Видиќ (Спартак М. – Ман. Јунајтед за 8,5 мил)
Марсело (Флуминенесе – Реал Мадрид 6.5 мил)
Погба (Ман. Јунајтед – Јувентус за 0 евра)
Пирло (Милан – Јувентус за 0 евра)
Ериксен (Ајакс – Тотенхем за 12 мил)
Кутињо (Интер – Ливерпул за 10 мил)
Левандовски (Дортмунд – Баерн за 0 евра)
Пандев (Лацио – Интер за 0 евра)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…