Поранешниот романски тенисер и сега бизнисмен, Јон Циријак често изнесува критики кон поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Овој пат, во интервјуто за медиумите, Циријак изнесе сериозни обвинувања против Вилијамс.
Во контекст на приказната за допинг скандалите во светот на тенисот, тој раскажа како Американката наводно се повикувала на „терапевтски исклучоци“, со цел да може да ги користи забранетите супстанци кои и обезбедувале предност на теренот.
„Постојат лекови, ако ми дозволите да го споменам името, за кое мојот син беше многу информиран. Изгледа дека Серена добила 20 години исклучоци од црната листа. Не можам ниту сакам да обвивам. Само и било потребно нејзиниот семеен лекар да напише дека и е потребен Риталин. Тој лек го користат луѓе кои имаат проблеми со нарушување на вниманието. Риталин е направен за борбени пилоти“, рече Циријак.