Поранешниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, сега на Њујорк, Јован Мијатовиќ учествуваше во тешка сообраќајна несреќа во Батајница синоќа, кога околу 20:10 часот во улицата Мајор Зоран Радосављевиќ удри во жена на возраст од 38 години која ја преминуваше улицата надвор од пешачкиот премин.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во моментот на несреќата, Мијатовиќ управувал со возило марка „Фолксваген“, а жената на која што Јован ја удрил со автомобилот, доживеала тешки повреди и била транспортирана во Ургентен центар каде се борат за нејзиниот живот.
Тој останал на местото на несреќата за да ја почека полицијата и брзата помош, а цело време се распрашувал за состојбата на повредената личност.
Поради сето ова, Обвинителството излезе со соопштение дека тој ќе биде тестиран на дрога и алкохол.