Дома Трансфер зона „Бисерот“ на Лион достапен за ситница

„Бисерот“ на Лион достапен за ситница

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион и напаѓачот Рајан Черки постигнаа договор околу заминувањето на талентираниот фудбалер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Момчето кое е 15 години во клубот ќе си замине зимава или на лето, а неговата цена ќе биде „само“ 22 милиони евра, пренесуваат медиумите.

Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Лион има финансиски проблеми па ќе мора да продава фудбалери, а има договор со агентите на Черки да замине за 22,5 милиони евра.

Многу европски гиганти покажуваат интерес, а како фаворити за неговиот потпис важат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…