Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативецот на Шпанија Родри изјави дека се надева дека ќе се врати на теренот пред крајот на сезоната, пренесе денеска „Би-Би-Си“ (BBC).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Родри на 22 септември на натпреварот од петтото коло во Премиер лигата против Арсенал (2:2) ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено. Шпанскиот фудбалер беше опериран на 27 септември, а првите проценки на лекарите беа дека фудбалерот на Манчестер Сити ќе паузира до крајот на сезоната.
Родри изјави дека се надева дека ќе може да им помогне на соиграчите пред завршувањето на сезоната.
– Мојата цел е да се вратам оваа сезона. Не се откажувам од оваа сезона, но не сакам ниту да направам некоја грешка. Мојата цел е пауза од шест или седум месеци. Се чувствувам многу подобро отколку што мислев. Уживам во одморот, ако може така да се каже – изјави Родри за подкастот “Остало е фудбал (The Rest Is Football)”.
Сезоната во Премиер лигата завршува на 25 мај наредната година.
Пред еден месец, Родри ја доби “Златната топка” за најдобар играч во минатата сезона.