Дома Фудбал Беше хит на Мундијалот, донесе бронза за Хрватска, а сега ќе игра во Пафос

Беше хит на Мундијалот, донесе бронза за Хрватска, а сега ќе игра во Пафос

Го “прогонуваше” Жозе Мурињо кога со хет-трик го сруши Тотенхем и го одведе Динамо од Загреб во четвртфиналето на Лигата на Европа, со својот гол ѝ донесе бронза на Хрватска на Светското првенство во Катар, а сега Мислав Оршиќ кариерата ќе ја продолжи на сосема неочекувано место.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Брзиот офанзивец кој блескаше во Динамо, наскоро би требало да стане нов фудбалер на кипарскиот Пафос.

Оршиќ од “Максимир” на почетокот на 2023 година замина во англискиот Саутемптон и оттогаш кариерата на 32-годишникот е во голем пад.

Не успеа да се избори за статус меѓу редовите на “светците”, беше на позајмица во турскиот Трабзон, а од почетокот на оваа година е слободен.

Неверојатно звучи податокот дека Оршиќ својот последен гол го постигна уште на натпреварот за бронза на Светското првенство 2022 година во Катар, а наскоро на Кипар ќе има можност да го прекине тој кошмарен период.

Пафос е моментално лидер во домашното првенство со два бода повеќе од Арис од Лимасол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез е бесен пред финалето, не го очекувал потегот кој го направи Атлетико

Сагата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид околу трансферот на Хулијан Алварез продолжува, …