Дома Фудбал Бентакур се јави од болница откако колабира на мечот против Ливерпул (Фото)

Бентакур се јави од болница откако колабира на мечот против Ливерпул (Фото)

Многумина беа загрижени додека ги гледаа непријатните сцени од дербиот меѓу Тотенхем и Ливерпул во моменти кога играчот од средината на теренот на лондонскиот клуб Родриго Бентакур неподвижно лежеше откако во обид да шутира со глава остана без свест.

Уругвајскиот фудбалер беше изнесен од теренот на носилки по укажаната итна помош, но веќе истата вечер се јави од болницата каде што на соиграчите им честита за победата и со насмевка порача дека со него сѐ е во ред.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сѐ е во ред, момци! Ви благодарам за поддршката и честитам за победата“, напиша Бентакур на Инстаграм во друштво на неговата поубава половина и широка насмевка на лицето.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Тотенхем му се понуди тренер кој 20 години е без работа!

Легендата на Тотенхем, Глен Ходл, изјави дека е подготвен да се врати во клубот и предложи…