Спектакуларна вест пристигнува од Шпанија – Луис Дијаз преку својот агент му се понуди на спортскиот директор на Барселона, Деко, кој исто така започна преговори и со Александер Исак!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа вест ја пласираше Хосе Алварез, кој често имал силни ексклузиви од Каталонија.
Тој потврди тоа што се шпекулира веќе некое време, а тоа е дека Луис Дијаз сонува за дресот на Барселона. Колумбиецот очекуваше дека до сега ќе добие понуда за обновување на договорот, но приоритетите на управата на Ливерпул се – Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд кои на лето стануваат слободни.
Познато е и дека таткото на Луис Дијаз некогаш даде еден интервју во Колумбија каде што призна дека Барселона е омилен клуб на офанзивецот на Ливерпул и дека на Каталонците не би можел да им каже “не”.
Оваа вест дополнително ја зајакнува информацијата дека Нико Вилијамс сега е поблиску до потпишување со Арсенал, затоа што Барселона одлучи да му „сврти грб“ откако летово одби да се пресели во Каталонија. Луис Дијаз сега наводно е прв избор на спортскиот директор Деко, кој оствари лични контакти со неговите застапници. Исто така, се планира да го ангажираат Александар Исак од Арсенал