Дома Фудбал Барселона вчера ја гледале најмалку гледачи во последните 103 години!

Барселона вчера ја гледале најмалку гледачи во последните 103 години!

Фудбалерите на Барселона триумфираа на својот домашен терен “Јохан Кројф” во рамките на 4. коло од Ла Лига со впечатливи 6:0 против екипата на Валенсија, со што ја исправија грешката од претходната рунда кога одиграа нерешено 1:1 со Рајо.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во првото полувреме изгледаше дека Валенсија ќе се извлече бидејќи Барселона успеа да постигне само еден гол, кој го запиша Лопез во 29. минута.

Но, во вториот дел, екипата на Барселона целосно ги надмина очекувањата – Рафинја го удвои водството во осмата минута од продолжението, додека расположен Лопез за само уште три минути донесе предност од 3:0.

Рафинја го постигна и својот втор гол во 66. минута, а потоа следеше шоуто на Левандовски кој постигна два гола во 76. и 86. минута, поставувајќи го конечниот резултат на 6:0.

Оваа победа, сепак, ја проследија само 6.000 гледачи, колку што е капацитетот на стадионот “Јохан Кројф”. Причина за ова е што Каталонците сѐ уште не добиле дозвола да се вратат на Камп Ноу, а стадионот Монжуик е недостапен поради концерти.

Ова беше првпат по повеќе од еден век Барселона да игра домашен натпревар со само 6.000 навивачи, исклучувајќи го периодот на коронавирусот кога важеше социјалната дистанца.

Со оваа победа, Барселона се задржа на второто место веднаш зад лидерот Реал, а во следното коло ќе го пречека Гетафе, додека Валенсија ќе биде домаќин на Атлетик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија во Србија: Голманот доживеа срцев удар на теренот и почина на пат кон болницата

Голема трагедија ја погоди Србија во пониските фудбалски лиги каде еден голман го загуби ж…