Дома Фудбал Барселона има план за разделба со Тер Штеген, кој го разочарал Флиг

Барселона има план за разделба со Тер Штеген, кој го разочарал Флиг

Со оглед на очекуваното привлекување на Жоан Гарсиа од Еспањол и претстојното препотпишување со Војчех Шчесни, капитенот Марк-Андре тер Штеген е надвор од сметките на Барселона за голманската позиција за следната сезона, пишува „Спорт“.

Од изданието откриваат дека во клубот веќе смислиле план, преку кој да се разделат со германскиот репрезентативец на пријателски начин. Раководството на Барселона ќе му понуди на Тер Штеген да го раскинат договорот меѓу нив, кој е до летото 2028 година, и така играчот да најде нов клуб како слободен агент.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


За да го убедат искусниот голман да се согласи, Жоан Лапорта и неговиот тим ќе го компенсираат со целокупната големина на платите што играчот би ги добил како дел од договорот во текот на следната кампања.

До ваков договор сепак тешко ќе се стигне, бидејќи од јавните изјави на 33-годишниот голман останува впечатокот дека неговото расположение е да се бори за своето место во тимот и во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид нуди нов договор на Куртоа

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Тибо Куртоа со идеја да го задржи до 2028 година, …