
Барселона и Фиорентина се договориле за трансфер на 18-годишниот дефанзивец на каталонците Еман Кошпо во италијанскиот тим, објавува „Кориере дело спорт“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Овој играч е дел од вториот тим на Шпанците, каде ги помина последните две сезони по трансферот од школата на Грасхопер.
Барса ќе добие помалку од еден милион евра, но ќе има клаузула за повторно купување.
Кошпо е Швајцарец и е висок 191 см. Во претходната сезона тој одигра 12 натпревари за Барселона (U19), од кои три беа во Младинската Лига на шампиони.