Дома Фудбал Барселона доби понуда каква што чекаше – се отвора патот за ангажирање на голема ѕвезда!

Барселона доби понуда каква што чекаше – се отвора патот за ангажирање на голема ѕвезда!

Барселона би можела во завршниот ден на трансфер пазарот да го донесе Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, но јасно е дека некој мора да замине за тоа да се случи. Сепак, изгледа дека повеќе нема пречки, бидејќи утрово на адресата на Барселона стигна понуда која сигурно ќе ја прифатат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми објавија синоќа дека Рашфорд сигурно ќе ја засили Барселона и ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната, и дека клубовите веќе постигнале договор.

Сепак, за тоа да се реализира потребно е Барселона да продаде или испрати на позајмица некој од првотимците, а тоа според сите состојби е прашање на време кога ќе се случи.

Ерик Гарсија е тој кој најверојатно ќе го напушти каталонскиот клуб во наредните денови, а неговата нова дестинација ќе биде италијанската Серија А.

Утрово е потврдено дека на адресата на каталонскиот клуб стигнала понуда од седум милиони евра за Гарсија од Комо, а и самиот играч нема ништо против да се испроба на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Манчестер Јунајтед се заинтересирале за француски репрезентативец

Од Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес кон играчот на средината на теренот на Р…