Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гигант веќе ја започна потрагата по негов наследник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет на Барселона следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е ѕвездата на Астон Вила, Џон Дуран.
Во Барселона веруваат дека 20-годишниот напаѓач може да стане еден од најдобрите во светот, и поради тоа сакаат да ја победат конкуренцијата.
Дуран сезоната ја започна одлично и неговата цена секојдневно расте, а Барселона верува дека може да биде долгорочна замена за Левандовски.