Дома Фудбал Барса се двоуми: Флик може да остане без планираното засилување – два премиерлигаши спремни да реагираат!

Барса се двоуми: Флик може да остане без планираното засилување – два премиерлигаши спремни да реагираат!

Џонатан Та си заминува од Баер Леверкузен на крајот на сезоната, но сè уште не е конечно одлучено каде ќе ја продолжи кариерата. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонските медиуми потсетуваат дека Џонатан Та одамна ги договорил лични услови со Барса, но дека конечниот договор не е постигнат.

Каталонците пишуваат дека Ливерпул и Тотенхем во меѓувреме контактирале со Германецот за да “испитаат терен” и да се обидат да го претекнат од Барселона.

Та за сега не размислува за Премиер лигата, но чека Барса да повлече последен потег. 

Џонатан Та има 29 години и сигурно дека ќе биде од големо значење и за Барса, но и за Ливерпул и Тотенхем.

Во однос на Барселона, конкуренцијата е силна, но се очекува трансфер на Андреас Кристенсен, кој не е во плановите на Ханси Флик. 

Од друга страна, Вирџил ван Дајк е во последната година од договорот и уште не потпишал нов. Сепак, се очекува дека ќе остане, но е потребен уште еден играч за Арне Слот во ротацијата.

За Тотенхем е излишно да се троши зборови колку би им бил потребен ваков играч, но малку е веројатно дека Та на крајот ќе ги избере Спарс…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…