Дома Фудбал Барса должи, но и и должат

Барса должи, но и и должат

Финансиската состојба во Барселона говори и податокот дека каталонскиот клуб должи над 150 милиони евра само за трансфери на играчи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Точниот износ е 159 милиони евра.

Блауграна има долгогодишни финансиски проблеми на сите полиња. Каталонскиот гигант долго време не можеше да прави трансфери поради огромни долгови, што во последно време успеа да го коригира, но…

Барселона доведуваше играчи, а не им плаќаше на клубовите за тоа. Најголемото задолжување тимот на Ханси Флик го има кон Лидс. Барса го доведе Рафинја во 2022 година во трансфер вреден 58 милиони евра, но од тоа должи дури 41,9 милиони евра.

Тука се и долговите кон Бајерн за Роберт Левандовски (20 милиони евра со бонуси), Манчестер Сити (13,3 милиони евра за Феран Торес) и осум милиони евра кон Бетис за трансферот на Емерсон.

Сепак, и на Барселона ѝ се должи. Жоан Лапорта очекува уплати од Атлетико Мадрид за Антоан Гризман, Порто за Ника Гонзалес и уште неколку зделки.

Ситуацијата е комплексна, но Барса наскоро ќе мора да ги подмири долговите доколку сака да продолжи со нормално работење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…