Дома Фудбал Баерн подготви понуда тешка 250 милиони евра, тргнаа по новата ѕвезда на светскиот фудбал

Баерн подготви понуда тешка 250 милиони евра, тргнаа по новата ѕвезда на светскиот фудбал

Еден од најталентираните европски фудбалери, Флоријан Вирц, би можел ова лето да го напушти Бајер Леверкузен и да премине во редовите на најголемиот ривал – Баерн Минхен – со рекорден трансфер за германскиот фудбал.

Како што пренесуваат бројни германски и европски медиуми, Баерн Минхен подготви понуда која ни Леверкузен, ни Вирц, нема да можат да ја одбијат. Станува збор за вкупно 250 милиони евра – од кои 125 милиони за обештетување, додека другиот дел е наменет за петгодишен договор вреден 25 милиони по сезона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Доколку овој трансфер се реализира, Флоријан Вирц ќе стане најплатениот фудбалер на Баерн, рамо до рамо со Хари Кејн, а зад себе ќе ги остави и другите ѕвезди како Џамал Мусијала, Џошуа Кимих, Лирој Сане и Серж Гнабри.

Со ова Баерн би го срушил сопствениот рекорд кога станува збор за пристигнувачки трансфери – Англичанецот Хари Кејн беше доведен во 2023 година за 95 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…