Дома Фудбал Баерн Минхен е шампион на Германија, а денеска урна уште еден рекорд (Видео)

Баерн Минхен е шампион на Германија, а денеска урна уште еден рекорд (Видео)

Во 17:30 часот се одигра натпревар од 30. коло на германската Бундеслига помеѓу Баерн и Штутгарт.

Изненадувајќи многумина, гостите први постигнаа гол. Во 21. минута Фурих ја затресе мрежата на Баварците.

Но, потоа следуваше ураганска игра на Баерн. Израмнија во 31. минута преку Гереира, а го свртија резултатот само две минути подоцна со гол на Џексон.

До крајот на првото полувреме Дејвис се запиша на листата на стрелците, и тоа беше резултатот (3:1) со кој се отиде на задолжителна пауза.

Кејн влезе на полувремето, а му беа потребни само седум минути за да постигне гол.

До крајот на натпреварот Андрес постигна утешен гол за Штутгарт. Баерн денеска славеше, и така математички ја обезбеди титулата во Бундеслигата.

Покрај тоа, Баварците денеска соборија еден впечатлив рекорд. Ја надминаа бројката од 159 постигнати голови од сезоната 2019/2020 која досега беше рекордна.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Толисо го запре Сосиедад: Лион со бод од „Реале арена“

Реал Сосиедад водеше на полувремето со голот на Ори Оскарсон, но Корентен Толисо израмни н…