
Мајкл Олис откако премина од Кристал Палас во Баерн, се докажа како еден од најквалитетните фудбалери на минхенскиот тим.
Според информациите на медиумите во Минхен настанала голема паника откако пристигнаа нови информации поврзани со иднината на Олис.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, Реал Мадрид веќе ги започнал подготовките за испраќање на понуда во висина од 175 милиони евра за Олис до Баерн.
Понудата ќе биде испратена ова лето, кога ќе започне преодниот рок, и сега останува да се види дали Олис ќе одлучи да остане во Минхен или ќе се упати кон Мадрид.
Олис блескаше во победата на Баерн против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а неговите дриблинзи и креативност постојано претставуваа закана.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го следеше овој меч од трибините и очигледно остана импресиониран од магијата на одличниот Французин.
Дури и високиот износ не претставува пречка за Реал Мадрид, кој има средства и по секоја цена сака Олис во својот тим.
🚨💣 𝐄𝐗𝐂𝐋𝐔𝐒𝐈𝐕𝐄: Real Madrid have already started preparations to submit a €175M bid for Michael Olise this summer.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) April 24, 2026
Florentino Pérez is determined to bring the French forward to the Bernabéu! pic.twitter.com/H7NNP9sycw
Сепак, останува прашањето што ќе каже Баерн, кој ќе сака најпрво да поразговара со играчот за да ги слушне неговите желби.
Олис моментално е под договор со Баерн до летото 2029 година, што ги става во добра позиција.