Дома Македонски спорт Aрсенал, Фиорентина и Борусија Дортмунд тргнуваат по потписот на Барди!

Aрсенал, Фиорентина и Борусија Дортмунд тргнуваат по потписот на Барди!

До крајот на сезоната во Ла Лига има уште пет кола, а тимот на Енис Барди Леванте може да се соочи со испаѓање од елитата затоа што заостанува шест бодови од безбедната зона.

Испаѓање на Леванте во ранг подоле веројатно ќе значи и заминување на македонскиот репрезентативец. Интерес за Барди и тоа како има. Арсенал кој има реални шанси да се врати во Лигата на шампионите сака да го засили тимот за наредната сезона и Барди според информациите е на нивната листа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Постои интерес и од Италија каде што Фиорентина сака да го види во своите редови. Клубот од Фиренца можеби е и „најзагреан“ за потписот на Барди.

Уште еден голем клуб покажал интерес, а тоа е Борусија Дортмунд која сезонава заврши зад Баерн Минхен, а наредната година ќе се обиде да ја прекине доминацијата на баварскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…