Дома Фудбал Aнчелоти шокиран од ситуацијата во Реал: Неверојатно, вакво нешто никогаш не ми се случило

Aнчелоти шокиран од ситуацијата во Реал: Неверојатно, вакво нешто никогаш не ми се случило

Aвстрискиот репрезентативец, Давид Алаба (31) се здоби со повреда на вкрстените лигаменти на коленото поради што ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Алаба теренот во вчерашниот натпревар против Виљареал (4:1) го напушти по само половина час игра. Тренерот Карло Анчелоти сега има само двајца стопери на располагање, Начо Фернандез и Антонио Рудигер и тоа секако е проблем бидејќи Реал го чекаат натпревари во Ла Лига, Суперкупот и Лигата на шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ќе видиме дали нешто можеме да направиме. Никогаш во тренерската кариера претходно не ми се случило тројца играчи да ги повредат лигаментите во четири месеци, неверојатно“, изјави Анчелоти по натпреварот.

Од претходно поради истата повреда надвор од теренот се голманот Тибо Куртоа и дефанзивецот Едер Милитао.

Реал како прв во групата помина во осминафиналето од Лигата на шампионите, додека во Ла Лига е лидер со еден бод повеќе од Жирона која денес го игра својот натпревар од 17-тото коло против Алавес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…