Дома Фудбал Останато Aнри за финалето во 2009 година: Ги излажав докторите дека не сум повреден

Aнри за финалето во 2009 година: Ги излажав докторите дека не сум повреден

Tиери Анри своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Французинот најдобрите години од кариерата ги помина во Арсенал и Барселона и успеа да освои се што можеше да се освои. Летото 2007 година ги изненади сите својата одлука да го напушти Арсенал и да премине во Барселона, меѓутоа тоа за него лично беше добар потег.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анри во каталонскиот клуб дојде да ја освои Лигата на шампионите и успеа во тоа две години пооцна. Меѓутоа призна дека во Барселона не му било лесно и морал да се навикне на новиот стил на игра.

„Мислев дека знам да играм фудбал и дека знам се за него. Но, кога дојдов во Барселона се почувствував како некој повторно да ме програмирал. Тоа не значи дека не го сакам Арсенал, моето срце секогаш ќе биде таму, но Барселона ми беше нешто посебно“, изјави Анри.

Потоа се потсети на финалето од Лигата на шампионите во 2009 година против Манчестер Јунајтед кога Барселона победи со 2:0.

„Се сеќавам дека пред тоа финале бев повреден. Докторите пред натпреварот ме прашаа дали сум добро, а јас реков дека сум иако имав проблем со коленото и не можев нормално да трчам. Меѓутоа сакав да играм во финалето и среќен сум што се помина како што треба. Не сум горд што ги излажав докторите, но не погрешив“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…