Селекторот Игор Ангеловски денес ја даде првата изјава за медиумите по собирот со најголем дел од репрезентативците.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ангеловски жали што засега не може да смета на Барди кој има позитивен тест на коронавирус и го очекува што побрзо да се врати.
„Најпрво жалам што подготовките започнаа со непријатна вест. Но еве и од тука да испратам порака до Енис, дека сите од репрезентацијата стоиме зад него. Сите сакаме што побрзо да добие негативен тест и да ни се приклучи. Се надевам дека ова ќе биде единствена лоша вест на овие подготвки. Верувам дека ќе одработиме едни добри подготовки и спремни ќе отпатуваме за Букурешт“.
Македонија пред Европското првенство ќе одигра два пријателски натпревари против Словенија и Казахастан, двата во Скопје.
„Секој натпревар кој се игра за репрезентацијата е важен, па така ќе се подготвуваме и за Европското првенство. За двата пријателските натпревари ќе се обидеме да пробаме некои тактички варијанти, иако ние долго време сме заедно и одлично се познаваме.