Дома Фудбал Репрезентации Aнгеловски: Им честитам на фудбалерите, сега целта е пласман на Европското првенство

Aнгеловски: Им честитам на фудбалерите, сега целта е пласман на Европското првенство

Македонија после победата од 4:0 против Гибралтар ја обезбеди првата позиција и пласманот во плејофот од Лигата на Нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После оваа победа селекторот Игор Ангеловски најави дека сега целта на тимот е пласман на Европското првенство.

Нашата селекција денес ќе го дознае противникот, а тоа ќе биде еден од Косово, Белорусија и Азербејџан.

„Сега целта е пласман на Европското првенство и тоа ќе го барам од фудбалерите. За противникот немам желба, ќе видиме кој ќе го добиеме. Со оглед на тоа дека полуфиналето ќе го
играме на домашен терен се надевам дека тој натпревар ќе привлече поголемо внимание, фудбалерите заслужуваат голема поддршка“.

„Можам да им честитам, тие се најзаслужни многу работевме за да стигнеме тука. Првата цел ја исполнивме и покажавме дека Македонија не припаѓа во оваа група“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона се подготвува за голем трансфер! После Родри на радарот напаѓачот на Арсенал

Покрај тоа што го обезбеди потписот на Родри, Барселона ја разгледува можноста за ангажира…