Дома Македонски спорт Мак ракомет Aлушовски: Ги повикувам сите во оваа тешка ситуација да не поддржат и заедно да се радуваме!

Aлушовски: Ги повикувам сите во оваа тешка ситуација да не поддржат и заедно да се радуваме!

Денес прес-конференција пред натпреварот со Мотор одржаа тренерот Алушовски и капитенот Стојанче Стоилов.

Вардар е во тешка ситуација и тоа на сите им е јасно, па Алушовски повикува на максимална поддршка.

„Не очекува тежок натпревар, ова е прв натпревар во новата година и играме на домашен терен. Верувам дека играчите се свесни во каква ситуација се наоѓа клуб. Ги повикувам сите кои го сакаат ракометот и Вардар да дојдат да дадат поддршка. Мотор сигурно ќе дојде со желба да победи, но ние сме европски шампион и веруваме дека сите заедно можеме да се радуваме на крајот“.

„Ситуацијата е тешка, но овие играчи покажаа карактер во изминатиот период. Како што каже и капитенот ова не е нова ситуација, ситуацијата е подолго време ваква. Ново е што си заминаа двајца играчи. Оптимизмот го гледам во заедништвото и карактерот кој го покажале многу пати до сега“, изјави Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Без Митревски, Томовски ја презема главната улога на стартот кон ЕП 2028

Мартин Томовски влегува во репрезентативната недела со силна бундеслигашка форма. Македони…