Дома Трансфер зона Aлиоски во Лидс добива соиграч од ПСЖ?

Aлиоски во Лидс добива соиграч од ПСЖ?

Марсело Биелса и Лидс Јунајтед на одличен начин ја завршија 2020 година.

Лидс славеше со 5:0 против ВБА, а на 2. јануари ги чека нов натпревар на гости против Тотенхем. Тоа ќе биде еден од поинтересните натпревари во 17. коло од Премиер лигата. Освен обврските во Премиер лигата во Лидс размислуваат и за засилувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите од Островот една од првите мети на Лидс е Јулијан Дракслер од ПСЖ.

Германецот го изгуби своето место во ПСЖ, неговиот договор истекува за шест месеци и тој уште од утре ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Останува да се види дали ПСЖ ќе му дозволи да замине во јануари или ќе го чека летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…