Дома Трансфер зона Aгуеро го повлекол првиот потег – сака трансфер во Барселона?

Aгуеро го повлекол првиот потег – сака трансфер во Барселона?

Серхио Агуеро на крајот од сезоната би можел да си замине од Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На аргентинскиот напаѓач му истекува договорот и после 10 години веројатно ќе си замине. Некое време се шпекулира за можните опции за Агуеро.

Сега „Кадена Сер“ објави дека Агуеро е заинтересиран за преминување во Барселона, наводно тој веќе разговарал со кандидатите за претседател на Барселона и сака да се пресели на „Ноу Камп“.

Секако, тоа би значело дека ќе треба да се согласи на многу помала плата од онаа која ја добива во Сити. Барселона е во огромни финансиски проблеми и тешко дека можат да дадат голем договор на уште некој фудбалер.

Ќе биде интересно да се види дали Агуеро ќе заврши на „Камп Ноу“. Агуеро е добар пријател и со Меси, а тоа може да влијае на желбата на Меси да го продолжи договорот со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…