Дома Трансфер зона Aгентот на Габриел Жесус: Разговараме со Арсенал, ни се допаѓа проектот…

Aгентот на Габриел Жесус: Разговараме со Арсенал, ни се допаѓа проектот…

Менаџерот на Габриел Жесус, Марсело Петинати не ја исклучи можноста неговиот клиент во текот на летото да се пресели во Арсенал.

Клубот од Лондон во текот на летниот преоден рок ќе ја засилува екипата, а желба на тренерот Микел Артета е да го доведе бразилскиот репрезентативец со кој соработуваше во Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Разговаравме за Арсенал со Габриел. Ни се допаѓа проектот на клубот и не ја исклучуваме можноста за трансферЗ“, изјави Петинати, а пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Откри и дека уште шест клубови покажале интерес за Жесус.

„За Жесус интерес покажаа уште шест клубови. Фокусиран е на последните натпревари во сезоната, а потоа ќе видиме што може да се случи“, изјавил агентот на Жесус.

Манчестер Сити е спремен да го пушти Жесус да замине откако за наредната сезона го обезбеди Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…