Дома Останати Кошарка Атмосферата во Далас е како на погреб: Навивачите ги оставаат дресовите пред Арената (Видео)

Атмосферата во Далас е како на погреб: Навивачите ги оставаат дресовите пред Арената (Видео)

Малку бизарна ситуација се случува во Далас, бидејќи навивачите се простуваат од Лука Дончиќ така што ги оставаат неговите дресови пред арената.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лука Дончиќ го напушти Далас Маверикс по шест години и очигледно остави неверојатна тага во срцата на навивачите на оваа франшиза.

Тие се разочарани од потегот на генералниот менаџер на оваа франшиза што се откажаа од момчето кое требаше да биде новиот Дирк Новицки и некој кој ќе ја помине кариерата во Тексас.

Тоа што е специфично е дека во Далас е создадена атмосфера како да е во прашање жалост за загубата на сакана личност. Ова покажува колку навивачите навистина го сакаа.

Тие пред арената на Далас Маверикс непосредно пред статуата на Дирк Новицки почнаа да ги оставаат дресовите на Лука Дончиќ како знак на проштевање од Словенецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…