Дома Фудбал Атлетико Мадрид добива засилување за реваншот со Реал Мадрид

Атлетико Мадрид добива засилување за реваншот со Реал Мадрид

Атлетико Мадрид влегува во клучниот дел на сезоната, а Диего Симеоне доби добри вести пред дуелот со Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од денес на екипниот тренинг се Коке и Цезар Аспиликуета, кои треба да бидат подготвени до следната среда кога Атлетико го пречекува најголемиот ривал.

Ова значи дека Симеоне потенцијално би можел да ги има сите играчи на располагање во походот кон четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид има гол заостанување против Реал и брка резултат 1:2, а исто така и Барселона во Ла Лига, зад која заостанува еден бод.

Исто така, Атлетико ја пречекува Барса во реваншот на полуфиналето на Купот на кралот, почетокот на април, така што ова се сигурно добри вести за Диего Симеоне пред клучниот дел од сезоната.

Натпреварот Атлетико Мадрид – Реал Мадрид е на програмата во среда во 21:00 часот, а веднаш потоа, во сабота на 16 март на „Метрополитано“ пристигнува и Барселона во дербито од Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресни сцени по натпревар: На селекторот на ДР Конго му беше соопштена ужасна вест

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго Себастијан Десабр го доживеа исклучително тежок…