Дома Фудбал Астон Вила му нанесе удар на Манчестер Сити

Астон Вила му нанесе удар на Манчестер Сити

Астон Вила го продолжи својот прогрес и ја запиша четвртата последователна победа во Премиер лигата. Тимот од Бирмингем победи со 1:0 на домашен терен против Манчестер Сити и се изедначи по бодови со Ливерпул.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Мати Кеш во 19-тата минута.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тимот на Унај Емери одигра одлично. Џон Мекињ двапати можеше да ја зголеми предноста на Вила. Домаќините беа добри и во одбраната, успевајќи да го зачуваат Ерлинг Холанд, кој имаше една добра можност во првиот дел и еден поништен гол поради офсајд на крајот. По овој пораз, “граѓаните” се четврти на табелата и заостануваат шест бода зад лидерот Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антони го одбил Баерн на последниот ден од трансферниот прозорец

Бразилското крило Антони откри дека бил во контакт со Баерн Минхен малку пред да го финали…