
Фудбалерите на Реал Мадрид беа поразени во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал со резултат 3:0. Второпласираниот тим од англиското првенство ги победи бранителите на титулата на Емирејтс со голови на Деклан Рајс, кој постигна два гола од слободни удари, додека третиот гол беше дело на Микел Мерино.
Поради овој тежок пораз, претседателот на Реал, Флорентино Перез одржа итен состанок со Анчелоти, пренесува Ас. Перез му даде до знаење дека притисокот е огромен и дека во јавноста сè погласно се бара неговата смена, но исто така му порача на италијанскиот тренер дека нема да донесе никакви одлуки до крајот на сезоната.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Шпанските медиуми исто така наведуваат дека Перез му порача на Анчелоти дека може да остане и по крајот на сезоната, но условот е да освои важен трофеј. Анчелоти нема да има лесна задача, бидејќи е на чекор до испаѓање од Лигата на шампионите, а во домашното првенство заостанува зад водечката Барселона. Ако не успее да освои ништо, се очекува клупата да ја преземе Чаби Алонсо.