
Арсенал вечерва на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ бара влез во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Предноста е повеќе од добра против европскиот шампион, Реал Мадрид е во минус од три гола, а тренерот на Арсенал, Микел Артета, донесе вести од својот клуб за фудбалерите кои вечерва се спремни да играат.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Позитивни вести, Бен Вајт тренираше. Томас Парти исто така ќе биде на располагање. Тој е добро по неколку дена“, рече Артета.
Од друга страна, Жоржињо нема да биде присутен во Мадрид.
„Рече дека не можел да дише како што треба, изгледа дека се работи за ребрата“, рече Артета.
Се очекува Арсенал да настапи со следниот состав:
Раја – Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели – Одегард, Парти, Рајс – Сака, Мерино, Мартинели.
Значи, повредени се Калафиори, Габриел, Хаверц, Габриел Жезус, Жоржињо и Томиасу.