Раководството на Арсенал ја пропуштиле шансата во јануари да доведат напаѓач кој ќе им помогне во борбата за титулата во Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веќе е јасно дека таа одлука беше погрешна бидејќи Арсенал заостанува многу зад Ливерпул, а прашање е како ќе одиграат во Лигата на шампионите против Реал Мадрид без вистински напаѓач.
Според тврдењата на новинарите од Англија, Артета испратил последна понуда на адреса на напаѓачот кој толку го посакува, а се работи, секако, за Њукасл и нивниот напаѓач Александер Исак.
Исак е ѕвезда која ја посакува цела Европа, но тимот од Северен Лондон одлучил да биде прв кога станува збор за понуда, и јасно ставиле до знаење на раководството на Њукасл дека нема место за никакви преговори.
Според англиските, но и некои шпански медиуми, Арсенал испратил официјална понуда од 120 милиони евра на адреса на Њукасл и сега чекаат одговор.