Микел Артета ќе се соочи со големи проблеми до крајот на сезоната бидејќи има само тројца здрави играчи како опции во нападот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако се повреди и Каи Хаверц, Артета остана само на Тросар, Нванери и на Стерлинг, па јасно е дека Топчиите ќе имаат многу проблеми.
Артета го скрати изборот за напаѓач на само две имиња, а конкретни потези ќе се направат наредното лето, тврди Фабрицио Романо.
Романо на својот Јутјуб канал откри дека Артета е опседнат со доведување вистинска „деветка“, а главен кандидат за таа позиција е Александер Исак.
Сепак, Исак не е единствената опција за Артета, бидејќи Шпанецот е подготвен и на одбивање од Њукасл.
Потоа беше откриено и името на замената за Исак, а тоа е напаѓачот на Лајпциг, Словенецот Бенџамин Шешко.