Дома Фудбал Арсенал започна преговори со Валенсија

Арсенал започна преговори со Валенсија

Раководството на Арсенал започна преговори со Валенсија за централниот дефанзивец Кристијан Московера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Топчиите“ планираа да земат нов играч на оваа позиција, прво беа поврзувани со Дин Хаусен и Марк Геј. Првиот меѓутоа премина во Реал Мадрид, а вториот сè повеќе се поврзува со Ливерпул.

Според „Ди Атлетик“ сегашната цел за таа позиција е 20-годишниот Московера кој има договор со „лилјаците“ уште само една сезона. Микел Артета го гледа како идеална замена за Вилијам Салиба или Габриел Магалаеш, во случаите кога некој од двајцата стартери на „топчиите“ не е достапен.

Московера, кој е младински репрезентативец на Шпанија, веќе има 90 натпревари за Валенсија, вклучително 41 натпревар во сите турнири минатата сезона. РБ Лајпциг и Реал Мадрид исто така имаат интерес за дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажира…