Дома Фудбал Арсенал реди слаби резултат: Ја плаќа ли Артета цената за погрешната одлука во јануари?

Арсенал реди слаби резултат: Ја плаќа ли Артета цената за погрешната одлука во јануари?

Заминаа во Дубаи и откако се вратија, резултатите почнаа да бидат послаби..

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многумина се бесни на Арсенал и нивната трансфер политика за време на зимата.

И покрај тоа што се повреди Габриел Жезус, одбија да доведат нов фудбалер, Артета истакнуваше дека Хаверц може да го замени Жезус и да игра како напаѓач, но…

Се повреди и Хаверц, па Арсенал практично остана без голем број офанзивни фудбалери до крајот на сезоната.

Наместо да доведе напаѓач за барем 10-ина милиони евра, Арсенал одлучи да одмори и да плати патување во Дубаи каде што потрошија околу 1,5 милиони евра за подготовки.

Од моментот кога се вратија од Дубаи и хотелот со пет ѕвезди, фудбалерите на Арсенал одиграа 0:1 против Вест Хем, потоа ремизираа против Нотингем Форест 0:0. Јасно е, нападот повеќе не функционира…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед добива еден од најдобрите во Премиер лигата, но мора да плати 85 милиони евра

Вест Хем е подготвен да го продаде Матеус Фернандеш во текот на летниот преоден рок, но са…