Дома Фудбал Арсенал потврди уште полоша вест за повредата на Сака

Арсенал потврди уште полоша вест за повредата на Сака

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, соопшти дека вестите се многу лоши, Букајо Сака мораше да оди на операција и го очекува уште подолга пауза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што е познато, Сака минатиот викенд доживеа тешка повреда на мускулот и, иако првично се предвидуваше дека нема да мора на операција, ситуацијата сепак е поинаква. Сака беше успешно опериран, а Артета потврди дека го очекува уште подолга пауза. 

„За жал, Сака мораше на операција, се одвиваше добро. Но, за жал, ќе биде отсутен доста подолго. Мислам дека ќе паузира повеќе од два месеци, но засега не знаеме точно колку. Многу ќе зависи од брзината на опоравување, тешко е да се каже, но знаеме дека нема да биде присутен долго време“, рече Артета. 

Останува да видиме како ќе се снајде Арсенал без својот најдобар офанзивец, Габриел Мартинели, Габриел Жезус и Леандро Тросар ќе имаат многу тежок задаток. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…