
Арсенал официјално го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2026/2027 година, предизвикувајќи големо воодушевување меѓу навивачите ширум светот.
Во соработка со својот долгогодишен партнер, компанијата „Адидас“, Топчиите идната сезона ќе се појават на теренот во опрема што ја почитува богатата историја на клубот, но истовремено носи и модерен допир.
A different kind of connection ❤️
— Arsenal (@Arsenal) May 15, 2026
The 26/27 @adidasfootball Home Kit comes with a limited-edition NFC collectible card, only available via Arsenal Direct and in-store.
Shop now 👇
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новиот дрес го задржува магичниот, темно црвен дизајн со традиционално бели ракави, што е неизоставен идентитет на тимот од Северен Лондон, но има и неколку нови детали.
Од клубот потврдија дека екипата предводена од Микел Артета ќе го носи новиот дрес за првпат во последното коло на оваа сезона пред домашната публика на преполниот стадион Емирати. Тоа ќе се случи на натпреварот против Барнли во понеделник, кога Топчиите имаат можност за уште еден чекор кон освојување на титулата, а можеби и дефинитивно осигурување доколку Сити изгуби од Борнемут.
Натпреварот Арсенал – Барнли е закажан за понеделник во 21 часот.
