Дома Фудбал Арсенал му нуди договор на еден од најважните фудбалери до 2030 година

Арсенал му нуди договор на еден од најважните фудбалери до 2030 година

Арсенал му понуди на стоперот Вилијам Салиба нов петгодишен договор, според кој тој би останал на Емирејтс до јуни 2030 година, објавија британските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот репрезентативец договорот му истекува во јуни 2027 година и Топчиите сакаат што побрзо да го решат неговиот случај, бидејќи знаат дека за Салиба интерес покажуваат европски големи клубови како Реал Мадрид. Раководството на Арсенал сака да ја продолжи соработката и со крилниот напаѓач Букајо Сака, чиј договор исто така важи до јуни 2027 година.

Топчиите ова лето потрошија околу 300 милиони евра на засилувања. Најмногу пари беа потрошени на двајца играчи од средниот ред, Мартин Зубименди и Еберечи Езе, и центарфорoт Виктор Ѓокерес, кој во претходните две сезони во Спортинг постигна дури 97 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историскиот бод на Курасао е од огромно значење и за Босна и Херцеговина, a еве и зошто! (Видео)

Курасао утрово успеа да направи нешто што многумина мислеа дека е невозможно, а тоа е да г…